ИНТЕРНЕТ КОНСУЛТАЦИИ И МЕНТОРСТВО

Според моето долгогодишно искуство од работа со студенти, најефикасен начин на учење е со консултации т.е. учење под менторство од професор. Предавањата служат за запознавање со предвидениот материјал за тоа предавање, но не може секој студент да ги попамти и разбере новите работи од предавањато, ако не го научил и разбрал материјалот од претходните предавања.

При менторското учење, професорот може веднаш да го потсети студентот за поим или факт од претходниот материјал, за да може да го разбере новиот материјал. На овој начин, студентот го совладува материјалот за многу пократко време. А, познато е во програмирањето, дека за една погрешна запирка, грешката може да се бара и неколку саати.

Учењето преку Интернет, познато како учење на далечина, има и други предности, како:

  • Терминот за консултации може да се закаже според можностите на студентот (и професорот).
  • Честотата (бројот на термини) и времетраењето ја одредува студентот.
  • Консултациите не зависат од местоположбата на менторот и студентот, туку само од достапноста на Интернет.
  • Најголема придобивка е заштедата во време - нема патување и нема губење време на предавања.
  • Финансиската заштеда е, исто така, битна. Нема трошоци за и при патување

Консултациите / менторството се одржуваат преку Интернет апликации за комуникација. Притоа, студентот (ученикот) ја користи истата (бесплатна) апликација која и ние ја користиме, со приклучување на посебен канал. Договарањето за времето и за темата на консултациите / менторство се врши преку пораки на мојот e-mail:

profesorjovancevski@gmail.com.

Темата (поим, задача, програма, факт сл.) за која студентот (ученикот) сака консултации ја избира и предлага од темите за програмскиот јазик С++ или за Java, наведени во соодветните подменија.

Консултациите се наплаќаат по следниов ценовник.

Менторството може да биде за предмет, за испит, за семинарска, за дипломска и за магистерска тема. Менторството се наплаќаат по договор.