Ѓорѓи Јованчевски е роден 1953 година во Македонија, Мариово, Будимирци. Основно и средно образование завршил во Битола. Студирал на Електротехнички факултет во Белград, на Отсек за електроника, смер Обработка на податоци (компјутерска техника), каде што дипломирал во 1978 година.

Во четврти клас на средното училиште освоил Прва награда на Републички натпревар по математика.

Во текот на студиите на Електротехнички факултет во Белград добивал стипендија од Фонд за талентирани младинци при Републичка заедница за образование од Скопје.

Предавањата и вежбите по математика ги слушал во специјалната група на проф. Драгослав С. Митриновиќ.

Дипломската работа ја изработил во Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија - ИЗИИС од Скопје, а се однесува на компјутерска обработка на податоци за рудни наоѓалишта (Плавица) и компјутерско цртање изохипси со сплајнови, која проблематика, кај нас, до тогаш, не била решавана со помош на компјутери.

Во април 1978 година се вработил како помлад асистент на Математички факултет во Скопје.

Постдипломски студии слушал на отсекот Компјутерски науки при Електротехнички факултет во Загреб. Магистерската работа под наслов „Модел на адаптивен оперативен систем“ ја одбранил на истиот факултет.

Докторската дисертација под наслов „Математичко моделирање на процесот на обучување на невронска мрежа во наставниот простор“ ја одбранил на Природно-математички факултет во Скопје.

Во 1994 година е избран за доцент на Институт за информатика при Природно-математички факултет во Скопје, во 1999 година е избран за вонреден професор, а во 2004 година е избран за редовен професор.

Изведувал настава по повеќе предмети на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Факултетот за компјутерска техника и информатика при Универзитетот „Американ Колеџ“ и други факултети и тоа: Теорија на програмирање, Софтверско инженерство, Програмски јазици, Структури на податоци, Објектно програмирање, Безбедност на податоци, Оперативни системи, Компјутерски системи, Компјутерска графика, Основи на програмирање, Вовед во информатиката, Примена на компјутерите во наставата, Информатика (на Ветеринарeн факултет во Скопје, Факултет за администрација и менаџмент на информациски системи при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола), Основи на информатиката (на Педагошки факултет во Штип, Факултетот за учители и воспитувачи во Битола, Виша медицинска школа во Битола), Вовед во микрокомпјутерите во општеството, Бизнис математика, Виша математика, Математика I, II, III и други.

На постдипломските студии на Институт за информатика при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на Факултет за компјутерска техника и информатика при Универзитетот „Американ Колеџ“ ги изведувал предметите: Програмски јазици и теорија на програмирање, Напредни оперативни системи, Системска анализа, дизајн и имплементација, Архитектура на софтверски системи, Програмски јазици, Теорија на програмирање.

Од 1990 до 1992 бил уредник по информатика во списанието „СИГМА“, кое го издава Сојуз на математичари и информатичари на Македонија - СМИМ.

Од 1990 до 1998 бил Претседател по информатика во СМИМ.

Од 1993 до 1997 бил Претседател на Комисија за натпревари при СМИМ.

Од 1993 до 1998 бил Претседател на Комисија по информатика во Републичките смотри на млади истражувачи при Народна техника на Македонија.

Од 1994 до 1998 бил член на Комисија за наставни планови по информатика за средно образование во Министерство за образование и наука.

1996, 1997, 2003, 2004 бил водач на македонскиот тим на Интернационална Олимпијада по Информатика - ИОИ.

Од 1997 до 2000 бил член на Советот на МАРНЕТ.

Од 1999 до 2001 бил Раководител на Завод за програмско инженерство при Институт за информатика на ПМФ.

Од 2001 до 2004 бил прв Претседател на Здружение на информатичари на Македонија, како негов основач.

Од 2000 до 2006 бил Претседател на Комисија за полагање стручни испити по Информатика за професори - приправници во средните училишта.

Од 2007/2008 бил Претседател на Народна техника на Македонија.

-----------------------------
Научни трудови
  1. Јованчевски Ѓ., Божиновски С.: Нагодување на оперативни системи: пристап преку обучливи системи на вештачката интелигенција(1987), XXXI југословенска конференција ETAN, Блед 1-5 јуни 1987 година.
  2. Јованчевски Ѓ., Божиновски С.: Модел на адаптивен оперативен систем, Математички билтен, книга 11-12 (XXXVII-XXXVIII) , стр. 47-58, Скопје 1987/88 година.
  3. Јованчевски Ѓ., Ѓорѓиев В., Пачовски В.: Геодетската дејност во современиот пристап на организирање на информациите за просторот, Советување за организираноста на геодетската дејност, Бечиќи 11-12 мај 1990 година.
  4. Јованчевски Ѓ., Божиновски С.: Репрезентација на обучувањето на невронска мрежа во просторот на учителот, ЕТАИ, Охрид, јуни 1993.
  5. Јованчевски Ѓ., Kарчицка Д.: Проблемот на обучување на невронска мрежа како специјална задача на целобројното линеарно програмирање, Математички билтен, Книга XVIII (XLIV) Tome, 1994, стр. 103-114.
  6. Јованчевски Ѓ.: Учебниците по информатика во средното и основното образование, Симпозиум: Местото и улогата на природно-математичките наставни подрачја во образовниот процес во основното и средното образование во Република Македонија, Отешево, 14-15 октомври 1994 година.
  7. Јованчевски Ѓ.: Натпреварите по информатика во средните училишта, Советување: Информатиката во основното и средното образование , Крушево, 26-28 јануари 1995 година.
  8. Јованчевски Ѓ.: Информатичката литература за основните и средните училишта во Македонија - состојба, потреби и иницијативи; Советување: Информатиката во основното и средното образование, Крушево, 26-28 јануари 1995 година.
  9. Jovanchevski Gj., Karchicka D., Bozinovski S.: Neural network training as a special integer linear programming problem, LIRA'95, Novi Sad 26-30 september 1995, R.Srbija.
  10. Karchicka D. , Jovanchevski Gj.: LP-Model of the neural network training problem in the teaching space, LIRA '95, Novi Sad 26-30 september 1995, R.Srbija.
  11. Jovanchevski Gj., Karchicka D., Bozinovski S., ILP-Model and LP-Model of the Neural Network Learning Problem, Fifth International Colloquium on Numerical Analysis, Plovdiv, 13-17 August, 1996, Bul¬garia.
  12. Karchicka D., Jovanchevski Gj., Explicit Solutions of the LP-Model of the Neural Network Learning Problem, Fifth International Colloquium on Numerical Analysis, Plovdiv, 13-17 August, 1996, Bulgaria.
  13. Јованчевски Ѓ., Божиновски С.: Визуелизација на обучувањето на невронска мрежа, Прв конгрес на математичари и информатичари на Македонија, Охрид, 3-5 октомври 1996.
  14. Jovanchevski Gj., Karchicka D., Bozinovski S., ILP-Model and LP-Model of the Neural Network Learning Problem, Mat. Bilt. No. 22, pp. 51-60, 1998, Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Skopje.
  15. Karchicka D., Jovanchevski Gj., Explicit Solutions of the LP-Model of the Neural Network LarningProblem, Mat. Bilt. No. 22, pp. 61-68, 1998, Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Skopje.
  16. Јованчевски Ѓ., Златковска М.: Информатичките термини во македонскиот јазик, научен собир Македонскиот јазик во јавното општење, Скопје 18-19 февруари 1999.
  17. Jovanchevski Gj., Karchicka D., Bozinovski S.: Mathematical modelling of pattern classification learning using teaching space approach, Proceeding of the 21st International Conference: Information Technology Interfaces ITI’99, Pula, Croatia, June 15-18, 1999.
  18. Bozinovska N, Jovanchevski Gj, Bozinovski S: Biological Cell and its System Software, Prva konferencija za Informaticka tehnologija, Ohrid, dekemvri 2000.
  19. Bozinovski S., Bozinovska L., Jovancevski Gj., Bozinovska N.: Pregnancy EMG: A smooth muscle EMG study, EMG Net Final Report: The Multifunctional Platform for EMG Studies - Part 1,2001.
  20. Bozinovski S, Jovancevski Gj., Bozinovska N.: Emotion learning: An approach toward self-supervised learning systems. Proc. Fifth Int. Conf. on Cognitive and Neural Systems, Boston 2001.
  21. Bozinovski S., Jovancevski G., Bozinovska N.: DNA as a real-time database operating system, Proceedings of the World Multiconference on Systemics, Cybernetics, and Informatics, p.65-70, Orlando, 2001.
  22. Jovancevski Gj., Bozinovska N.: Microsoft.NET Platform, Second International Conference on Informatics and Information Technology CIIT 2001, Bitola.
  23. Jovancevski Gj., Bozinovska N.: Multithreading in C#, Second International Conference on Informatics and Information Technology CIIT 2001, Bitola.
  24. Bozinovska N., Jovancevski Gj., Bozinovski S.: Biological cell and its System Software, Second International Conference on Informatics and Information Technology, Bitola, Macedonia, 2001, p. 206-213.
  25. Bozinovski S., Jovancevski Gj., Bozinovska N.: Minimal Cognition Systems: Current Metaphores, Sixt International Conference on Cognitive and Neural Systems, May 30 – June 1, Boston 2002.
  26. Bozinovski S., Jovancevski Gj., Bozinovska N.: Didgital Chips Network Simulation Using Object Oriented Programming; In J. Power, J. Waldron (Eds.) Proceedings of the Inaugural Conference on the Principles and Practice of Programming in Java. Trinity College, Dublin, Ireland, June 13-14, 2002, p.7-11.
  27. Bozinovski S., Jovancevski Gj., Bozinovska N.: Internet - Education -Robotics, Proceedings of the 3rd International Conference Internet-Education-Science Vinnytsia, Ukraine, October 8-12, 2002, pp 311-313.
  28. Bozinovska N., Jovancevski Gj., Bozinovski S.: Internet – Based Robot Control, Proc. Third International Conference on Informatics and Information Technology, Bitola, Macedonia, 2002.
  29. Bozinovski S., Jovancevski Gj., Bozinovska N.: Chapter 2 Simulation of Module – Based digital Networks Using Object Oriented Programming in J. F. Power and J. T. Waldron (Eds.) Recent Advances in Java Technology: Theory, application, Implementation, p. 11 – 19, Computer Science Press, Trinity College Dublin, 2002.
  30. Bozinovski S., Jovancevski Gj., Ackovska N.: Distributed Interactive Robotics Classroom, Journal On Optoelectronic Information – Power Technologies, No. 2(4), 2002, p. 5-10.
  31. Bozinovski S., Jovancevski Gj., Ackovska N.: Closed Loop DNA Operating System Migration, Proceedings of the Seventh World Multiconference on Systemics, Cybernetics, and Informatics, Vol 8, 3-7, 2003.
  32. Ackovska N., Bozinovski S., Jovancevski Gj.: Production Systems of the Biological Cell, Proc. Fourth International Conference on Informatics and Information Technology, Bitola, 2003, p. 109-117.
  33. Ackovska, N. Bozinovski, S. Jovancevski, Gj.: A new frontier for real-time systems - Lessons from molecular biology, SoutheastCon, 2007, Richmond, Virginia, 22-25 March 2007, IEEE Volume , Issue , Page(s):224 - 228.
  34. Ackovska, N. Bozinovski, S. Jovancevski, Gj.: Real-Time Systems – Biologically Inspired Future, Journal of Computers, Vol. 3, No. 3, Academy Publisher, 2008, pp. 56-63.
  35. Ackovska, N. Bozinovski, S. Jovancevski, Gj.: Cell Operating system and its Compilation Processes, Proc. Fifth International Conference for Informatics and Information Technologies, 2008, pp. 119-128.
  36. Јованчевски Ѓ., Блажевска Е., E-образовање потреба, могућности и корист, Зборник радова, IV меѓународни научно-стручни скуп Информационе технологије за е-образовање, ITeO, 28 – 29. септембар 2012, Бања Лука, Р.Српска.